Уште два денови од преодниот рок – Ќе се засилува ли Јувентус?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите чекаат, а какви ли ќе бидат потезите на клубот?

Уште помалку од 48 часови до крајот на преодниот рок, а очите се вперени во Јувентус.

Вчерашниот ден им потврди дека можеби не им се потребни засилувања, а повторно имаат солидна предност на врвот и натпревар помалку од Рома.

Сепак, досега го донесоа само Ринкон, а го продадоа Евра, па се чека уште еден играч за врска. Алегри се сложи дека го има Асамоа како алтернатива за Алекс Сандро.

Сепак, по повредата на Лемине очигледно е дека им треба уште еден играч за врска.

Јувентус го обезбеди Бетанкур од Бока, но дури во јуни.

Останаа неколку опции, се споменува Паредес од Рома, како и за Пасторе кој ПСЖ не сака да го пушти на позајмица.

Засега остана Луис Густаво, искусен Бразилец од Волфсбург кој би го засилил тимот, но останува се помалку време.

По се изгледа дека Јувентус не размислува за крајот на преодниот рок, но сезоната е долга, а Јуве се бори на 3 фронта, па можеби редно време е да почнат да размислуваат за засилувања.