Уште еден играч на Ливерпул го продолжи договорот со клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ендрју Робертсон потпиша нов повеќегодишен договор со лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул.

Иако од клубот не потврдија до кога е продолжен договорот, „Скај Спортс“ објави дека 24 годишниот фудбалер потпишал договор до 2024 година.

„Само што ми се обратија луѓето од клубот, немаше никаква пречка за мене, сакам да остана овде. Само што ми ја доставија понудата, веднаш ја потпишав. Ова беше прилично лесна одлука за мене и сигурен сум дека и за клубот е исто. Двете страни се договоривме многу брзо“- коментираше Робертсон.