Уште една НБА ѕвезда го откажа учеството на ЕвроБаскет 2017


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што се доближува почетокот на Европското Првенство во кошарка, така сѐ повеќе НБА играчи ги откажуваат своите настапи на првенството за да се концентрираат на припремите на своите тимови од НБА лигата.

Последен на таа листа е турчинот Ерсан Илјасова кој својата одлука ја соопшти на својот Инстаграм профил.

“Од 2006 година играм за националниот тим и секогаш ми било чест да бидам дел од репрезентацијата на Турција. Но, оваа година беше многу напорна за мене и затоа со тешко срце го откажувам својот настап на претстојниот ЕвроБаскет затоа што сметам дека нема да можам да го дадам максимумот. Во наредните неколку месеци ќе се фокусирам на тренирање за наредната сезона. Секогаш ќе бидам фан на Турција и ќе ја поддржувам мојата репрезентација летово.” – напиша Илјасова под сликата.

 

Ерсан Илјасова ја заврши сезоната како играч на Атланта Хокс и пред неколку недели потпиша нов договор со тимот. Во новата сезона тој очекува да има многу поголема улога во тимот, со оглед на тоа што Атланта изгубија многу од главните играчи и Ерсан останува еден од малкуте ветерани во тимот.