Фабрегас го „издаде“ Азар и најави негов можен трансфер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Цеск Фабрегас истакна дека се надева дека Еден Азар ќе потпише нов договор со Челси, но призна дека неговиот поранешен соиграч би можел да си замине во Реал Мадрид.

Азар доста време се поврзува со трансфер во „Кралскиот Клуб“, а минатата недела истакна дека веќе донел одлука за својата иднина.

„Да видиме што одлучил. Има уште година и половина од договорот и мислам дека е среќен во Челси. Но, на крајот тоа е лична и негова одлука. Му се допаѓа Реал Мадрид и тој отсекогаш го кажува тоа. Се надевам ќе го продолжи договорот со Челси, но ако не го стори тоа сигурно ќе заврши во Реал Мадрид“- заклучи Фабрегас.