„Фалкао вечерва ќе им покаже на Англичаните колку вреди!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Сити вечерва на домашен терен играат против Монако во рамки на првиот натпревар во 1/8-финале од ЛШ.

Монако оваа сезона игра феноменално и моментално е на прво место во Франција.

Тоа што е импресивно е дека тимот на Жардим во досегашниот дел од сезоната постигнаа 76 голови.

Фалкао по две сезони се врати во старата форма, а досега постигна 22 голови.

Фалкао претходните 2 години ги грееше клупите на Јунајтед и Челси.

„Фалкао е сеуште одличен напаѓач, многу е лесно да се соработува со него. Јунајтед и Челси не знаеја тоа да го искористат и сите мислеа дека неговата кариера е завршена. Но не знам како очекуваа од него голови кога скоро и да не играше. Ќе им покаже тој колку вреди вечерва!“