ФА Куп – Манчестер Јунајтед, Челси и Тотенхем добија лесни противници


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Денес се одржа ждребот за 1/16 финалето во ФА Купот.

Најмногу среќа од ПЛ имаа Манчестер Јунајтед Челси и Тотенхем кои добија полесни противници.

Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд ќе го пречека Виган, Челси на Стемфорд Бриџ ќе игра против Брентфорд, а Вукомб ќе му гостува на Тотенхем.

Актуелниот шампион на Англија, Лестер ќе игра на гости против Дерби. Арсенал во следното коло ќе добие противник премиерлигаш, а подобриот од натпреварот Кристал Палас – Болтон ќе игра против Манчестер Сити.

Тотенхем – Вукомб
Дерби – Лестер
Оксфорд/Њукасл – Бирмингем
Вимлбдон/Сутон – Кембриџ/Лидс
Плимут/Ливерпул – Волвс
Саутемптон/Норвич – Арсенал
Линколн/Ипсвич – Брајтон
Челси – Брентфорд
Манчестер Јунајтед – Виган
Милвол – Вотфорд
Рокдејл – Хадерсфилд
Барнли/Сандерленд – Флитвуд/Бристол Сити
Блекбурн/Барнсли – Блекпул
Фулам – Хал
Мидлзбро – Акрингтон
Кристал Палас/Болтон – Манчестер Сити

Натпреварите ќе се играат од 27-ми до 30-ти јануари.