Федерер: Секогаш сум подготвен да им помогнам на помладите тенисери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роџер Федерер му дал неколку совети на Александер Зверев во претходните години, а посебно се зборуваше за нивниот разговор по поразот на Германецот од Хјеон Чунг на Австралијан Опен.

„Не сум му тренер, а мислам дека концептот на ментор не е фер. Ако тренираме заедно и нешто забележам или ме праша, тогаш ќе му кажам. Секогаш сум подготвен да им помогнам на помладите играчи, не само на Зверев. Тие и понатаму се мои противници, но јас имам 36 години“, вели Федерер.

Зверев пред неколку недели на Ролан Гарос го играше своето прво грен-слем четвртфинале и во Париз првпат победи некој од топ 50 на грен-слем.

„Никогаш не е лесно да се направи првиот голем чекор на грен-слем турнирите. Некој други тоа ќе го направат, но се мачат на Мастерс турнирите. Зверев го направи спротивното. Тоа ќе се смени, во тоа сум убеден зашто тој може да игра добро на сите подлоги“, објаснува Швајцарецот.