Фелаини со погодок во својот деби натпревар во кинеската лига (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес и официјално почна новата сезона во кинеската Супер лига, а свој деби настап за новиот клуб запиша и Маруан Фелаини.

Белгискиот играч за врска оваа зима го напушти Манчестер Јунајтед и замина на Далечниот Исток. Фелаини потпиша за Шандонг Луненг, а денес го запиша и своето официјално деби за оваа екипа.

Освен што дебитираше запиша и постигнат погодок.

Шандонг Луненг моментално го игра мечот од првото коло во Супер лигата против Беијинг Ренеа и има водство од 1:0 благодарение на Фелаини.

Искусниот Белгиец добро се снајдепо асистенција на еден свој соиграч и го матираше голманот на гостите, па на својот тим му предност во 50. минута.