Фени приреди сензација и го елиминира МЗТ Скопје од купот – Во финале кавадарчани против Карпош Соколи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Фени Индустри го победија МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналето во купот на Македонија, 80:79.

Скот и Темс постигнаа четири поени во низа за 1:4. Кошаркарите на МЗТ Скопје направија серија од девет поени за прва двоцифрена предност на натпреварот, 3:13. Една минута пред крајот на првата четвртина Темс постигна три поени за 11:22. До крајот Стајиќ погоди двојка и Чешковиќ тројка за 16:22 после десет минути игра.

На почетокот на втората четвртина Стајиќ постигна четири поени и Петровски за израмнување, 22:22. Шарабидзе и Џекиќ погодија за водство на Фени, 29:27. Николовски со пет поени во низа му донесе водство на Фени од шест поени, 39:33. Аеродромци со серија од три поени намалија на 39:36. Николовски погоди тројка, а Скот двојка за 42:38 на полувреме.

Темс со три поени во низа ја намали негативата на МЗТ на еден поен, 42:41. Лалиќ, Скот и Дреновац му донесоа водство на аеродромци, 44:48. Со четири поени во низа на Скот, МЗТ стигна до водство од шест поени, 48:54. Кавадарчани преку Николовски и Петровски намалија на два негатива, 57:59. МЗТ пред последните десет минути од натпреварот имаше водство од четири поени, 59:63.

Шарабидзе и Николовски погодија за 66:65 по кои тренерот на МЗТ Скопје побара тајм-аут. После тајм-аутот MЗТ направи грешка, а Николовски со два поени ја продолжи серијата на Фени, 68:65. Скот и Темс постигнаа четири поени во низа за израмнување, 71:71 на четири минути до крајот на натпреварот. Фени преку Шарабидзе и Стајиќ зголеми на четири поени предност, 75:71, а тренерот на МЗТ побара тајм-аут. Лалиќ со пет поени во низа му донесе водство на МЗТ, 75:76. По оваа серија на кошаркарот на МЗТ, тренерот на Фени побара тајм-аут. Чешковиќ промаши тројка и Николовски за два, а тоа го казни Симоновски со кош за три поени, 75:79 по кој тренерот на Фени повторно побара тајм-аут. Во нападот на Фени, Чешковиќ погоди тројка за 78:79. Дваесет и четири секунди пред крајот на натпреварот Шарабидзе постигна два поени за водство на Фени, 80:79, па тренерот на аеродромци побара тајм-аут. Дреновац промаши тројка и на крајот Фени победи со 80:79.

Николовски го предводеше Фени со 22 поени. Стајиќ додаде 16, Шарабидизе 11, а Чешковиќ 10 поени. Јуре Лалиќ беше најефикасен во тимот на МЗТ со 19 поени. Дреновац постигна 16, Скот 14, а Темс 12 поени.