„Фергусон згреши кога ме отпиша и продаде!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алекс Фергусон на клупата на Јунајтед помина се. Успеси имаше многу повеќе отколку грешки, но и тој знаеше да згреши.

Поранешниот играч на Јунајтед, Стам смета дека една од грешките на Фергусон е тоа што во 2001 година одлучи да го продаде Стам.

Тој тогаш премина во Лацио за 15 милиони фунти, а таму одигра 3 одлични сезони по кои замина во Милан.

„Фергусон во 2001 година згреши кога ме продаде. Тој процени дека не можам да играм во врвна форма.“

„Тогаш не бев задоволен, но сега кога сум тренер знам дека некогаш мора да се донесат некои одлуки, па така и некои погрешни. Тој имаше доверба во мене и долго време бев негов прв избор.“

Стам моментално работи како тренер во Рединг, а со својот клуб наредната недела игра против Јунајтед во 3-то коло од ФА куп.