Фергусон ќе го води повторно Манчестер Јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алекс Фергусон ќе се врати на клупата на Јунајтед, но само на еден натпревар.

Станува збор за хуманитарен натпревар, а сите собрани средства ќе одат за Керик.

Натпреварот ќе биде одигран на 4-ти јуни оваа година, а силите ќе ги одмерат Јунајтед и Керик Ол Старс.

Овој хуманитарен натпревар ќе го одбележат многу големи имиња, поголемиот дел од поранешнитеиграчи на Јунајтед, но и неколку легенди на ПЛ.

Тимот на Ол Стар ќе го води Хари Реднап додека во тимот сигурно ќе играат Џерард, Лампард и Овен.

Кај Фергусон во тимот ќе играат Невил, Фердинанд, Сколс и Гигс.

Се шпекулира дека ќе настапи и Кристијано Роналдо, но тоа сеуште не е сигурно.