Фердинанд разочаран – го одбиле за боксерска лиценца!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Боксерската кариера на Рио Фердинанд е завршена уште пред да почне. Легендарниот фудбалер напиша на Инстаграм дека е разочаран што нема да може да покаже колку е подготвен да се бори.

„Тренирав четири-пет пати неделно откако најавив дека сакам да боксувам и да добијам професионална лиценца, но сега тешко ми е поради тоа што ме одбија за лиценца“, напиша Фердинанд.

„Тешко прифаќам дека нема да добијам ниту шанса да ги покажам своите способности. Но не е тешко само за мене, туку за сите луѓе кои ми помогнаа во овој процес“, објаснува поранешниот играч на Јунајтед.