Фирмињо призна: Ми беше страв дека ќе останам слеп!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерул, Роберто Фирмињо призна дека му било премногу страв кога го повредил левото око.

Фирмињо против Тотнем во средината на септември мораше да го напушти теренот, кога Јан Вертонген го удри во око.

„Мислев дека нема да може да гледам со едното око. За среќа, тоа не се случи. Бев исплашен, не можев да гледам ништо. Сега е многу подобро и не чувствувам болка“, кажа Фирмињо.

Ливерпул во средата во Неапол беше поразен од Наполи со 1-0 со голот на Лоренцо Инсиње.