ФИФА воведува промени, клубовите од Англија незадоволни


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите низ светот шпекулираат дека од страна на ФИФА ќе ги променат правилата околу позајмиците на фудбалерите кои би стапиле на сила од 2020 година.

Од светската куќа на фудбалот биле во постојани контакти со клубовите кои имаат пратено поголем број на фудбалери на позајмици. Челси на пример има пратено дури 40 фудбалери на заем, а уште неколку тимови ќе бидат „погодени“ од оваа одлука.

Сепак, од ФИФА веројатно ќе остават простор да се праќаат млади фудбалери на позајмица, само ако тие се израснати во академијата, а можно е да не се ограничат и позајмиците во домашните лиги.

Инаку, секој клуб ќе може да позајмува само шест до осум фудбалери со новото правило на ФИФА.