ФИФА денеска дискутира за проширување на Светското првенство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска во Мајами се одржува состанокот на Советот на ФИФА на кој се разговара за проширување на Светското клупско и Светското репрезентативно првенство.

Многу европски тимови и нивните членови се против проширувањето на клупското првенство и прмена на неговиот формат, зашто фудбалерите ќе имаат малку време за одмор.

Во сегашниот формат на клупското првенство во декември секоја година се натпреваруваат седум тимови, а ФИФА сака да го прошири на 24 тимови од 2022 година, со тоа што како тест ќе се одржи во 2021 година во јуни и јули.

„Мора да се грижиме за фудбалерите. Додека не се добро согласени календарите, тешко дека ќе направиме промени“, кажа Бартомеу.

Светското клупско првенство би се играло од 17 јуни до четврти јули, додека Африканскиот куп на нации и КОНКАКАФ ќе се играат од петти јули до 31 јули.

Исто така, на денешниот состанок на Советот на ФИФА ќе се разговара за проширување на Светското првенство од 32 на 48 репрезентации и тоа од 2022 година.

Засега нема информации што ќе биде решено, но по состанокот дефинитивно ќе бидат појасни многу работи.