ФИФА се огласи откако Јапонија поради жолти картони се пласираше во осминафинале!

Репрезентацијата на Јапонија се пласираше во осминафинале на Светското првенство во Русија, иако на крајот имаше ист број бодови и гол разлика како селекцијата на Сенегал.

Натпреварот на овие репрезентации заврши со реми, а по последното коло Јапонците и Сенегалците имаа ист број бодови и гол разлика, поради што патник во осминафиналето беше решен со фер-плеј.

Јапонците по три натпревари имаа помалку жолти картони од Сенегал. Ова е првпат да имаме такво правило на Мундијалот, а Сенегал жестоко реагираше против тоа по натпреварот.

Сепак, ФИФА кажа дека е подобро така да се одлучи, отколку да се прави ждрепка.

„Јасно е и сакавме да избегнеме ждрепка. Тоа е само еден дополнителен критериум пред лотаријата. Секако,по Мундијалот ќе направиме анализа на ситуациите што се случија и ќе видиме што ќе се случува понатаму. Сега нема потреба да се менуваат правила“, кажаа од ФИФА.