Фотографија која вреди милиони: Тајна снимка на тешко повредениот Шумахер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Непознато лице побарало од медиумите милион евра за фотографија на Михаел Шумахер.

Германските медиуми објавија информации дека легендарниот возач на Ф1 е сликан од блиску, а откако непознатото лице побарало милион евра, германското обвинителство започна истрага.

Дека инцидентот навистина се случил потврдува и менаџерката на Шумахер, Сабина Кем.

„Здравствената состојба на Шумахер не е јавна работа. Сакаме да го почитуваме неговото право на приватност.“

Шумахер е во домашна нега отккао на 29-ти декември 2013 година доживеа тешка повреда на скијање во Франција.