ФОТО: Трофејот на УЕФА Супер Купот „гостуваше“ во Охрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Престижниот трофеј од УЕФА Супер Купот во фудбал, денеска беше изложен за спортските љубопитници на стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид.

Охриѓани имаа можност да направат фотографија за спомен со трофејот, пред одигрувањето на финалето од Супер Купот, кое е закажано за 8 август 2017 година, на Телеком арената во Скопје.

Денешниот настан беше организиран од страна на Фудбалската федерација на Македонија и Општинскиот фудбалски сојуз Охрид.

Фото: Охрид 24