„Французите треба да бидат среќни бидејќи Златан замина!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо откри дека Лига 1 почнал да следи откако заминал Ибрахимовиќ.

Пред трансферот на Островот, Ибра ја „маѓепса“ лигата и ПСЖ беше неверојатен, меѓутоа ситуацијата се смени откако тој замина од клубот.

Тимот од Париз е на 3-то место и има 5 бодови помалку од Ница.

„Мислам дека луѓето во Франција треба да бидам среќни затоа што Ибра замина. Со него немаше лига, беше само ПСЖ. Сега имате лига која ја гледам, интересна е.“

Мурињо не згреши со донесувањето на Ибра во Манчестер Јунајтед.

Тој е моментално прв стрелец на клубот и досега има постигнато 16 голови во сите натпреварувања.