Француските медиуми открија кој го форсира Мбапе да се пресели во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Килијан Мбапе константно се поврзува со трансфер од ПСЖ во Реал Мадрид.

Вчера, „Франс Фудбал“ пренесе дека Реал Мадрид испратил понуда од 280 милиони евра, но истото веднаш беше отфрлено од „кралскиот клуб“.

Денес, француските медиуми пренесоа уште една информација за тоа кој го притиска Мбапе да направи трансфер во Реал Мадрид.

Наводно, таткото на Мбапе, Вилфред одржувал постојани контакти со првите лица на Реал Мадрид околу можниот трансфер на неговиот син на „Бернабеу“.

Сепак, малку е веројатно дека 20 годишниот екстра фудбалер ќе се пресели во Мадрид во летниот преоден рок.