Фудбалерите на ПСЖ во скриена камера: Алвеш збесна, сите останаа зачудени (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На фудбалерите на францускиот шампион ПСЖ им беа претставени лажни правила, кои наводно ќе бидат во употреба од наредната сезона и тие поверуваа во тоа.

Неколку фудбалери на францускиот шампион останаа зачудени, откако слушнаа дека им е забрането пцуењето, плукањето по терен, па ќе мора да кренат рака за да разговараат со судијата или нивната прослава за голот да трае 10 секунди, па реакциите беа урнебесни.

„Жолт картон за пцовки? Па, ќе имате по осум црвени картони по натпревар“, кажа Ласана Дијара.