Фудбалер на Барселона мора да го напушти клубот поради Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона пред почетокот на оваа сезона доведе неколку засилувања, но досега само Самуел Умтити ги оправда очекувањата.

Едно од засилувањата беше и 23-годишниот напаѓач Пако Алкасер кој стигна од Валенсија, но на 18 натпревари постигна само 3 погодоци. Алкасер од доаѓањето на Камп Ноу е во лоша форма и најверојатно ќе си замине од Барселона.

Медиумите во Шпанија објавија дека раководството на Барселона му кажа на Алкасер дека може да преговара со други клубови бидејќи за него место на Камп Ноу нема. Наводно, виновник за тоа е Лионел Меси кој не сака да игра со поранешниот напаѓач на Валенсија.

Меси сака на лето Барселона да доведе ѕвезда во нападот. На листата на желби се Обамејанг, Мбапе, Дибала и Дембеле.