Фудбалерот на Реал Мадрид доаѓа на островот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Офанзивецот на Реал Мадрид следната сезона најверојатно ќе го гледаме во ПЛ, пишуваат островските медиуми.

Сан соопшти дека Манчестер Сити спреми 30 милиони фунти за Иско.

Пред неколку дена во шпанските медиуми се појави шпекулација дека Иско и Хамес би можеле да бидат жртвувани за да вложат помалку пари за трансферот на Еден Азар кој е најголемата желба на Зидан.

Иско не е стандарден кај Лос Бланкос, но Зизу го користи во ротација. Наводно е незадоволен со својот статус и сака да оди негде каде што ќе има поважна улога.

Освен Сити и Челси, беше доведуван во врска и со Јувентус, а интересно е дека неговиот поранешен соиграч од Валенсија, Жорди Алба неодамна изјави дека ќе биде добредојден на Камп Ноу.