Фудбалер кој се раѓа еднаш на 10 или 20 години – Барселона и Реал повторно во трка како за Нејмар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откупната клаузула е 30 милиони евра.

Во Барселона и Реал Мадрид стигнаа извештаи со ознака хитно дека се работи за фудбалер кој во иднина ќе биде ѕвезда и дека треба да се тргне по него се дури не стане касно. Мадридските весниците пишуваат дека директорите на Реал после одгледаното видео и извештаите од своите скаути констатирале дека се работи за фудбалер кој се раѓа еднаш на 10 или 20 години.

Фудбалерот се вика Винсиниус Жуниор. Бразилскиот напаѓач кој има 16 години и моментално жари и пали на првенството во Јужна Америка за фудбалери до 17 години. Фудбалер е на Фламенго.

Шпанските гиганти тргнаа по бразилското чудо. Ловците на таленти од Барселона од неговата 11-та година имаат детален извештај за неговите можности. Во Бразил го споредуваат со Нејмар, а знаеме каква војна се водеше за него помеѓи двата шпански гиганти за неговото доведување.

Фламенго го блиндира со професионален договор и му стави откупна клаузула од 30 милиони евра. Винсинуис е фантастичен дриблер и техничар, игра како Нејмар кога се појави во Сантос. Моментално игра за јуниорската репрезентација на Бразил каде е прв стрелец со три погодоци на исто толку натпревари.