Фудбалер на Интер заминува во Франција?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Интер, Стеван Јоветиќ од јануари оваа година се наоѓа на позајмица во Севиља, а по се изгледа дека тимот нема да ја искористи шансата да го откупи, па тој ќе замине во Франција.

Според медиумите, Марсеј е подготвен да му плати на Интер 14 милиони евра и така да го донесе овој фудбалер во свои редови.

Се шпекулира дека во Севиља не сакаат да платат висока цена за Јоветиќ кој постигна само 6 голови од своето доаѓање.

Интер од кој Јоветиќ дојде на позајмица, сака да ги продаде играчите за да ги исполни условите на ФФП на ФИФА.