Фудбалер на Интер ќе се сели во Премиерлигата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер, Габриел Барбоса, познат како Габигол би можел повторно да заигра во Европа, но не во Интер.

Интер за него плати 29,5 милиони евра, но Габигол разочара, па не добиваше премногу шанси, а проблематичен бил и неговиот пристап на тренинзите, а тоа ги налути „нераѕурите“, кои го пратија на позајмица во Бенфика, по што се врати во Сантос.

Во Бразил почна да игра како што треба и постигна 19 голови на 42 натпревари, но Сантос може да го задржи најдоцна до 31 декември кога треба повторно да се врати на „Џузепе Меаца“.

Еден клуб од Премиерлигата покажа интерес за него, а станува збор за Евертон, кој сака да го ангажира на позајмица со право на откуп до крајот на сезоната, но тоа не им одговара на Интер, па во тек се преговори.