Фудбалер на Ѕвезда откри што му кажал Милнер во тунелот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатната атмосфера на стадионот ги изненади играчите на Ливерпул кој секоја седмица играат на Енфилд, но признаа дека ваква работа досега немале видено.

Милош Дегеник, играчот на Ѕвезда прокоментира дека имал краток разговор во тунелот со капитенот на Ливерпул, Џејмс Милнер.

„Кога излегувавме на теренот, зборував со Милнер и веднаш ми рече дека тој и неговите соиграчи никогаш не доживеале нешто слично. Тешко е да се објасни магијата на Маракана, непроценливо е да се почуствува тоа. Чест е да се игра пред ваква публика“, рече Дегенек.

Репрезентативецот на Австралија смета дека Ливерпул ја потцени неговата екипа.

„Играме одлично дома, но во гости примавме многу голови. Но, не сме за потценување. Мислам дека Ливерпул не потцени, а ние одигравме феноменално и го заслуживме овој триумф. Павков даде два одлични гола“.