Фудбалската „Пророчица Клеопатра“: Фан на Јунајтед пред почетокот на мечот во Париз, на Твитер го објави текот на мечот…?! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За многумина синоќешниот триумф на значително подмладената екипа на Манчестер Јунајтед во Приз против ПСЖ е големо изненадување, но не и за еден навивач на клубот од „Олд Трафорд“, Тими Чин.

Тој синоќа на Твитер пред почетокот на мечот, буквално до детал го најави она што потоа го гледавме, порачувајќи дека има добро чувство во врска со овој меч.

„Лукаку постигнува два погодоци, ПСЖ се враќа со еден гол, а Рашфорд решава во 92. минута“, порача тој.

Токму тоа и се случи, Манчестер Јунајтед славеше со 3:1 и се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите, оставајќи ги Нејмар и другарите во шок.