Халеп после три сета ја совлада Стосур за 1/4 финале


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Симона Халеп во 1/8 финалето на ВТА турнирот во Мадрид ја победи Саманта Стосур со 1:2 во сетови.

Романката уште на стартот на натпреварот направи брејк, 0:1. Потоа сервираше одлично на својот сервис и го доби првиот сет, 4:6. Стосур го одзеде сервисот во вториот гем, но во следниот гем загуби на свој сервис, 2:1. Во десетиот гем австралијката повторно направи брејк кој значеше и добивање на вториот сет, 6:4, 1:1.

Халеп во петиот гем не и дозволи на Стосур да освои поен на нејзин сервис, 2:3. Романската тенисерка продолжи со одличната игра и го доби третиот сет, 4:6.

Во 1/4 финалето Халеп ќе игра против Вандевеге.