Хамшик даде конечен одговор каде ќе игра следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Наполи, Марек Хамшик потврди дека Карло Анчелоти го убедил да остане во тимот иако тој сметал дека трансферот во Кина ќе му го промени животот.

Играчот од средниот ред беше поврзуван со трансфер на далечниот исток ова лето, но на крај се реши да остане во Неапол.

„Ми се јави многу пати кога бев во Словачка и ми кажуваше дека ме сака во тимот. Јас бев среќен со тоа. Трансферот в Кина ќе ми го променеше животот, не го кријам тоа и јавно кажав дека сакам да одам. Сепак, среќен сум што ќе продолжам да го носам дресот на Наполи“ –коментираше Хамшик за Скај.