Хаос во Јуве: Роналдо сака да си замине, Паратичи веднаш испратил – СМС!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус загуби во првиот меч против Атлетико Мадрид со 0-2, а тоа предизвика многу критики и незадоволство кај навивачите, но и проблеми на управата со Кристијано Роналдо, кој поставил ултиматум до управата.

Италијанските медиуми пишуваа дека Роналдо, наводно, бил изнервиран по поразот од Атлетико, па доколку биле елиминирани од Лигата на шампиони, Португалецот ќе побарал да си замине.

Тоа доаѓа како нов удар за италијанскиот шампион, откако претходно слични приказни се појавија за заминување на неколку фудбалери, но и на тренерот Масимилјано Алегри.

Шпекулациите ги изнервираа луѓето од Јувентус, па директорот Паратичи испратил СМС порака до водителот на ТВ, во која ги демантирал овие приказни.

Роналдо нема да настапи против Болоња за да се одмори за дербито во следното коло, кога Јувентус ќе игра против Наполи.

„Старата дама“ верува дека не е загубена борбата во Европа, па ќе се обидат на домашен терен да го елиминираат незгодниот Атлетико, кој е познат по цврстата одбрана.

Доколку бидат елиминирани, тогаш и повеќе од јасно е дека ќе следуваат промени наредното лето во екипата на Јувентус.