Хендикеп за Арсенал – Ослабени ќе играат против Ливерпул


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Месут Озил нема да игра за Арсенал против Ливерпул во ПЛ.

Причината е грипот со кој Озил има проблеми веќе неколку денови, па тој нема ниту да патува со тимот во Ливерпул затоа што беше испратен во средата дома за да одмори.

Добра вест за Арсенал е тоа што тој би требало да биде подготвен за натпреварот против Баерн во реваншот од ЛШ.

Да потсетиме, Баерн го доби првиот натпревар со 5:1.

Озил оваа сезона одигра 29 натпревари за Арсенал и постигна 9 голови и 8 асистенции.