Херојот на Германија јасен: „Го сакам Интер!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на „Панцерите“ го обележа вчерашниот натпревар на Јохан Кројф арената.
Јоаким Лев, полека но успешно спроведува промена на генерациите во националниот тим на Германија.

Вчера, на свој начин го победи својот голем ривал, Холандија. Така стигна до првата победа во квалификациите за наредното Европско првенство.

Човекот кој им ја донесе победата на Германците во последните секунди од натпреварот е Нико Шулц, фудбалерот на Хофенхајм.

Тоа беше шестиот настап на Шулц во тимот на „Панцерите“, изгледа дека Лев најде одличен играч за левата страна кој може да игра и како бек, но и напред на позицијата лев везен.

„Сакам да настапувам за клубот кој игра константно на највисоко ниво во Европа. Интер отсекогаш беше мојот сон од детството, искрено се надевам дека сонот ќе ми се оствари еден ден. За сега сум среќен во Хофенхајм, така да и да останам овде и наредната сезона, ќе бидам мирен“, изјави Шулц за германските медиуми.

Интер моментално води голема битка за повраток помеѓу најдобрите во Европа, услови за соработка од двете страни во иднина секако дека постојат.