Херојот од „Вембли“: Никогаш не сум уживал вака…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хари Кејн со причина е воодушевен по победата над Хрватска на „Вембли“.

Англија ја совлада Хрватска по пресврт со 2:1 во дербито во Лигата на нациите. Островските играчи обата погодоци ги постигнаа од прекин, а херојот на мечот беше Хари Кејн, кој прво му асистираше на Џеси Лингард за израмнување, а потоа погоди за триумф благодарение на центаршутот на Бен Чилвел.

„Не ги искористивме шансите од почетокот на мечот, но затоа одлично реагиравме по примениот погодок. Дополнително напредувавме од СП и ја завршивме фантастично годината. Чувството е неверојатно, никогаш вака не сум уживал во репрезентацијата на Англија“, истакна напаѓачот на Тотенхем.

Исклучително среќен по победата беше и селекторот на Англичаните, Герет Саутгејт.

„Горд сум на првото место во групата. Доминиравме во поголемиот дел од мечот, а ако продолжиме со оваа атмосфера, ќе бидеме и повеќе од силни, Минавме неверојатно тешка група“, заклучи англискиот селектор.