Хет-трик на Похјанпало за победа на Леверкузен, Волфсбург одигра без погодоци против Келн

Денес на програмата беа уште пет натпревари од второто коло во германската Бундеслига.

Еден натпревар заврши нерешено, три со победа на домаќинот и еден со победа на гостинот.

Фрајбург со пресврт ја совлада Борусија Менхенгладбах со 3:1. Азар му донесе водство на Менхенгладбах во 35-та минута, Филип во 54-та донесе израмнување, а во 85-та минута истиот фудбалер погоди за 2:1. Конечните 3:1 ги постави Петерсен од пенал во 88-ма минута.

Херта славеше на гостувањето во Инголштадт со 0:2. Ибишевиќ и резервата Шибер ги постигнаа погодоците за победа на Херта.

Резервниот фудбалер Похјанпало му донесе голема победа на Леверкузен. Вуд во 58-ма минута погоди за водство на Хамбургер, а само осум минути по влегувањето на терен, фудбалерот на Баер Леверкузен, Похјапало израмни, а во 91-ва го постигна вториот погодок, а во 94-та направи хет-трик. Убедливи 3:1 за крај.

Сиригу кој влезе од клупата за резерви го постигна погодокот за победа на Дармштадт против Фрајбург.

Само Волфсбург – Келн одиграа без погодоци.