Хорор за Нејмар: Ја повредил истата нога, првите информации не се воопшто добри!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ синоќа се пласираше во осминафиналето во францускиот куп, откако го совладаа Стразбур на домашен терен со 2-0, но резултатот остана во сенка на повредата на Нејмар.

Бразилецот мораше да го напушти натпреварот на половина час пред крајот поради проблеми со повреда со десната нога, а странските медиуми пишуваат дека станува збор за истата повреда од минатата година.

Тој минатата година се повреди пред ревнашот во осминафиналето во Лигата на шампиони и мораше да оди на операција, па сезоната беше завршена за него.

Француските медиуми пишуваат дека повторно станува збор за истата повреда, па засега не е познато колку е сериозно, а тренерот Томас Тухел порача дека Нејмар е загрижен затоа што станува збор за истата нога.

„Нејмар е загрижен, зашто станува збор за иста нога и тоа на исто место. Судијата не свиреше ниту еден контакт, па втор, трет… и потоа се случи повредата“, порача тренерот.