Хрватска победува, Манџукиќ чести пиво (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус, Марио Манџукиќ пред вчерашниот натпревар против Русија повлекол несекојдневен потег, кој наиде на одобрување низ целиот свет.

Имено, напаѓачот од својата сметка во родниот град Славонски Брод уплатил 25.000 куни, или приближно 3.500 евра за жителите на овој град кои го следат натпреварот бесплатно да пијат пиво.

Во Славноски Брод беше организирано групно следење на натпреварот против Русија по кој следуваше голема прослава.