Хрватска поуспешна во пенал-серијата против Русија (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двете репрезентации започнаа многу внимателно и повеќе мислеа на својот гол отколку на противничкиот.

Првото возбудување го видовме во 31. минута кога Денис Черишев со неверојатен удар го матираше Субашиќ за ерупција на трибините во Сочи.

Сепак радоста на домаќините траеше кратко затоа што само девет минути подоцна Крамариќ го изедначи резултатот на 1:1.

Во вториот дел Перишиќ во 59. минута ја погоди стативата и само чудо ја спаси репрезентацијата на Русија, и тоа беше се од регуларниот дел.

Во 101. минута Домагој Вида донесе голема радост кај хрватските навивачи, откако погоди за 1-2, но во 115. минута Фернандес израмни на 2-2.

Во пенал серијата, дури четири играш на Хрватска шутираа прецизно, додека кај Русија непрецизни беа Смолов и Фернандес.