Хрватските медиуми пренесуваат: СКАНДАЛОЗНО на „Вембли“, навивачите присилени да се соблекуваат пред влезот?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватските навивачи од „Вембли“ јавуваат дека се огорчени затоа што при влегувањето на трибините на англискиот национален стадион, обезбедувањето им ги соблекувало националните дресови и им ги одземало шаловите, па потоа ги пуштале навивачите да влезат на трибината.

Потенцираат дека не станувало збор за провокативни или забранети знаци, туку обични дресови и шалови препознатливи за Коцкестите. Но, без оглед на тоа што споменатите навивачи имале скапо платени влезници за трибините, на нив не можеле да птидат ако на влезот не оставиле се што содржи хрватско обележје.

Тие работи се оставале во вреќи и навивачите посочуваат дека се потпишувале на сопствен ризик, односно дека никој не одговара ако тие работи по излегувањето од стадионот не бидат таму.

„Со оглед на тоа дека многумина од нас влезници на „Вембли“ платија и преку 70 фунти, сметам дека ова е срам за националниот стадион на земјата која ја нарекуваат колевка на фудбалот“, пренесува еден од огорчените присутни навивачи во британската престолнина.