Хуан Карлос Осорио одби нов договор со Мексико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Мексико го заврши настапот на Мундијалот во Русија во осминафиналето со пораз од Бразил.

Мексиканците во Русија на моменти ја воодушевија публиката, а на моменти ги разочаруваа навивачите.

Сепак, Мексико официјално остана без селекторот Хуан Карлос Осорио. Тие се обидоа да му го продолжат договорот, но тој одби да потпише нов договор.

„Им благодарам на навивачите, управата на Сојузот, на сите во репрезентацијата, а посебно на играчите со кои имав чест да работам како селектор“, кажа Осорио.