Хјустон не беше доволно силен – Голден Стејт победи во дерби вечерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни 9 натпревари во НБА лигата.

Екипата на Голден Стејт го победи Хјустон со 125:108 и така се реваншираше за незгодниот пораз претходно. Кари постигна 24 поени и 7 асистенции додека Томпсон постигна 16 поени, а најдобар беше Кевин Дурант со 32 поени и 7 асистенции.

Џејмс Харден кај гостите постигна 17 поени, 11 асистенции и 7 украдени топки.

Филаделфија го победи Портланд со 93:92. Јунак на 3-та победа по ред беше Ковингтон кој постигна тројка во последните секунди пред натпреварот. Тој го заврши натпреварот со 22 поени и 6 скокови.

Останати резултати:

Шарлот – Торонто 113:78
Орландо – Милвоки 112:96
Атланта – Чикаго 102:93
Мемфис – Сакраменто 107:91
Далас – Јута 107:112
Њу Орлеанс – Бруклин 114:143
Лејкерс – Индијана 108:96