„Центрите на Бостон не можат да се споредат со Хауард“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вашингтон стигна до победа во плеј-оф серијата против Бостон.

Тимот од Вашингтон успеа да победи со 116:89 против Бостон и да намали на 2:1 во серијата.

Центарот на Вашингтон, Гортат изјави дека неговиот тим одиграл квалитетен натпревар.

„Не смееме да дозволиме да поентираат по пробивот, мораме да го затвориме рекетот, поголема е веројатноста да се помисли за три поени, па за тоа мора да ризикуваме, а тие не шутираа како што треба.“

Тој додава дека има многу полесна работа, отколку во првото коло кога водел битка со Хауард.

„Многу ми е полесно, отколку во првото коло. Тогаш се борев со Хауард, а против центрите на Бостон се чувствувам подобро. Имам самодоверба и верувам дека можам да се борам со сите.“