Центрите на моќ согласни: Нејмар добива зелено светло, што тоа значи… ?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Практично откако пристигна во ПСЖ, Нејмар го селат оттаму во речиси секој преоден рок.

Дека тоа не е случајност, потврдија бројните постапки на Бразилецот кој смета дека нема третман каков што заслужува во „Градот на светлината“ иако е дозволено се.

Секако, каде што се најскапите и најдобрите фудбалери на светот тука секогаш се појавува Реал Мадрид, „Кралскиот клуб“ не го става на памет неговото минато во Барселона, но токму „Каталонците“ би можеле да вмешаат прсти во целата приказна.

Новинарот на Мундо Депортиво, Франсеск Агилар тврди дека добил информација од три различни страни, од луѓе со интегритет дека Бразилецот ќе направи се за следното лето да се врати во Барселона.

Иако некои се плашат како Нејмар ќе биде пречекан на „Камп Ноу“ откако со неговото заминување остави горчлив вкус во устата на Каталонците, управата на клубот од Каталонија смета дека со своите добри игри ќе успее да ги продобие навивачите на своја страна.

Барселона засега не направи конкретни чекори кога се во прашање преговорите со ПСЖ, меѓутоа на сите им е јасно дека шпанскиот шампион не преговара во тој стил, туку директно атакува на фудбалерот.

„Светците“ се во тешка ситуација откако УЕФА испрати предупредување поради непочитување на финансискиот фер плеј, па оттаму ќе мора да ги жртвуваат Нејмар или Мбапе.

Французинот пак, тешко веројатно е дека ќе замине од Париз…