Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да се потсетиме на моментите кога Барселона падна најниско во ЛШ…
Кошмар. Тешко дека Луис Енрике и било кој други во Барселона ќе може да објасни што се случи во Париз. Еден од најубиствените тимови во моментов, не изгледаше на себе во Париз.
Барселона од страшниот ПСЖ го претрпе еден од најтешките европски порази во историјата на клубот и практично од првиот натпревар тргна накај дното.
Експлозијата на тимот на Емери потсети на еден од најболните моменти во новата историја на Барселона, денот кога беше поразена на „Алианц Арена“, на 23-ти април 2013 година.
Тогаш Баерн ги победи со 4:0, а на гостувањето во Барселона им додаде уште 3 голови и на крајот Баерн победи со вкупни 7:0.
Големите љубители на фудбалот се сеќаваат на 1994 година и финалето на ЛШ. Дејан Савичевиќ го водеше Милан до 5-та титула во ЛШ, а Кројф и неговата Барселона не знаеше што им се случува. Се случи магија и резултат од 4:0.
Само три и пол години се чекаше на уште еден дебакл. А тогаш Ван Гал и неговиот тим со Ривалдо и Фиго доживеаа шок од Динамо Киев и Шевченко. На 5-ти ноември 1997 година Динамо ги победи со 4:0 и тоа се памети по лошо во Каталонија.
А тогаш, во момент кога Барселона е еден од најдоминантните тимови на планетата, се најде некој да и удри толку силен шамар, што ќе го паметат долго.