Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стеван Јоветиќ по се изгледа дека и наредната сезона ќе игра за Севиља.
Тој во шпанскиот тим стигна на полу-годишна позајмица од Интер и целосно ги оправда очекувањата на управата, која одлучи да го откупи неговиот договор.
Тој нема намера да се врати во Интер, а Севиља за откуп на неговиот договор плати 13 милиони евра.
Јоветиќ оваа сезона одигра 13 натпревари за Севиља во Примера и постигна 3 голови со исто толку асистенции, а еден од нив даде и во купот.
Тој ја помина младинската школа на Партизан, за чиј прв тим играше до 2008 година, по што играше за Фиорентина, Сити, Интер и Севиља.