Црно-бел дрес на Икарди на продажба покрај стадионот на Јувентус (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мауро Икарди има големи проблеми со управата на Интер, откако ги прекина преговорите за нов договор му беше одземана капитенската лента, па тој одби да настапи против Рапид Виена во Лига Европа.

Икарди се поврзува со трансфер во Јувентус, а тоа би бил голем удар за Интер, кој би требало да се потруди ептен за да најде негова замена, но засилувањето на еден од ривалите за титулата дефинитивно не е добра идеја.

Спортскиот директор на „Старата дама“ бил во Милано, кадешто го следел Икарди, па најверојатно на лето ќе испрати понуда за неговите услуги.

Интересно е тоа што се случува денеска покрај стадионот на Јувентус, каде што „дивите“ продавачи на дресови продаваат дрес со името на Икарди, но во црно-бела боја.

Многумина се прашуваат што треба тоа да значи и дали е навестување дека Аргентинецот на лето ќе го облече црно-белиот дрес на Јувентус останува да видиме.