Чави коментираше за шпекулациите за заминувањето на Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси се споменуваше дека ќе ја напушти Барселона.

Сепак, неговиот поранешен соиграч ,Чави мисли дека нема да стигне до тоа и дека Барселона е вистински клуб за Меси.

„Контактирам со Меси и мислам дека е среќен и задоволен. Тој е свесен дека Барселона е најдобриот клуб на светот за него и не би можел да го замислам во некој друг клуб“, изјави Чави.

„Не разговарав со него за новиот договор, но ако би морал да се обложам, би кажал дека нема да замине во друг клуб. Можеби ќе заработува повеќе пари во друг клуб, но не мислам дека го интересираат само парите.“

Да потсетиме дека Чави моментално е фудбалер на катарскиот Ал Сад.