Чапекоенсе на 4-ти април тргнува по првиот трофеј од големата трагедија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалски тим Чапекоенсе и Атлетико Насионал ќе играат на 4-ти април во првиот натпревар од Рекоп Судамерикана.

Бразилскиот тим доживеа голема трагедија кога на 28 ноември 2016-та година во Колумбија им се сруши авионот и починаа поголем дел од нивните играчи, стручен штаб, управници на клубот и новинари.

Во несреќата загинаа 71 личност од 77 патници. Настрадаа 19 фудбалери на фудбалскиот тим.

По трагедијата трофејот на победникот на Копа Судамерикана им беше доделен на нив.

Во Рекоп Судамерикана ќе играат шампионот на Копа Судамерикана и Копа Либертадорес, двете најсилни натпреварувања на континентот.