Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше пресреќен по првата победа во Ф1.
Ботас стана 5-от Финец кој победи во Ф1, по Кеке Розберг, Мика Хакинен, Раиконен и Ковалаинен.
Тој победи по водството од стартот до целта, со исклучо на неколку кругови по излетувањето од боксот.
„Чекав повеќе од 80 трки, но вредеше. Чудна шанса ми се прикажа и јас морам да се заблагодарам на тимот што ми помогна. Мораме да продолжиме да се бориме за титулата.“
Ботас во самиот финиш имаше голем притисок од Фетел, но не успеа да го премине.
„Се обидов да го стигнам Валтери. Помислив дека ќе го добијам на последната кривина, но не успеав. Мислев дека можам, но не бев сигурен што ќе направи Маса и поради тоа на крајот изгуби време.“, изјави Фетел.
Шампионатот продолжува со трката за ГН на Шпанија на 14-ти мај.