Челси го продолжува договорот со една од своите ѕвезди!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси игра фантастично сезонава и не знае за пораз, па сонот на навивачите е освојување на титулата во Премиерлигата.

Одличниот лев бек Маркос Алонсо без дилеми е еден од најдобрите дефанзивци во Премиерлигата.

Неговите настапи во дресот на Челси привлекоа интерес од Барселона и Реал Мадрид.

Тој во разговори за шпански „АС“ потврди дека се радува на неговото останување во Лондон.

„Смирен сум и среќен во Челси и очигледно клубот е среќен со мене зашто ми понудија нов договор“, објасни Алонсо.

Шпанецот е член на Челси од 2016. година,  а вкупно одигра 91 натпревар и постигна 15 голови.